Пендаровски ги откажа настаните поради трагичниот настан во Тетово

од Берта Китинска
231 прегледи

Претседателот, Стево Пендаровски, ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот во модуларната болница во Тетово во кој синоќа загинаа најмалку 14 лица.

Пендаровски изрази сочувство до семејствата.

„Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“.