Пендаровски ги пречека учесниците во преговорите во рамки на дијалогот „Белград-Приштина“

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Охрид во претседателската Вила Билјана ги пречека високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија Жозеп Борел, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти на работна сесија од преговорите во рамки на дијалогот на високо ниво Белград-Приштина под покровителство на ЕУ.

Претседателот Пендаровски смета дека е исклучително важно што оваа работна сесија од дијалогот на високо ниво помеѓу Белград и Приштина се одвива во Охрид, бидејќи тоа е знак дека Република Северна Македонија во изминативе години покажа нетипично балканско однесување и функционира како вистинска мултиетничка демократија, што е реткост и во пошироки рамки. Ова го доживуваме како признание за постигнатото во изминатиот период и поттик на домашните политички сили да продолжат со европските реформи, за што е можно побрзо да станеме полноправна и формална членка на Европската Унија.

Преговорите помеѓу Белград и Приштина се исклучително важно регионално прашање чиешто решавање може да помогне за трајна стабилизација на регионот и негова побрза европска и евро-атлантска интеграција.

Слични содржини