Претседателот Стево Пендаровски во друштво на својот син амбасадорот на Австрија, Георг Вуцас, и Дарко Панчев го следи историскиот прв натпревар на македонските фудбалери на Европското првенство (ЕП).
-Навиваме за нашите заедно со легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев.
Навивачкиот дух го има и австрискиот амбасадор Вуцас. Верувам дека нема да не’ „скара“ вечерашниот натпревар, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.