Претседателот Стево Пендаровски го додели Признанието за придонес на припадниците на дијаспората.
Добитници на признанието се Софи и Митре Кутановски од Соединетите Американски Држави, а истото им се доделува за нивниот придонес во поттикнување на економскиот развој на селото Радожда и регионот, како и за продолжување на програмата „Атанас Близнакоф” и стипендирање на стотици студенти од социјално ранливите групи.
Признанието за придонес на припадниците од дијаспората се доделува за прв пат годинава под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, а е востановено од Македонија 2025 огранок во Република Македонија.
Признанието се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и јакнење на државните капацитети, како во земјава така и во странство