Пендаровски: Голем потег е тоа што Србија се понуди да ни даде жито

од Nikola Popovski
321 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски вечерва го оцени како одличен потег на Србија да ѝ даде на Македонија пченица и пченка од сопствени залихи.

Тој во интервју за ТВ Сител вели дека „пред да влезе во студиото ја видел изјавата на српскиот претседател дека Македонија барала 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка и дека Вучиќ вели: „Имаме доволно залиха и ќе им дадеме“.

-Која е големината на тој потег? Србија пред пет дена, на првиот или вториот ден кога почна руската интервенција во Украина, донесе одлука да го забрани извозот на сите витални стратешки производи, рече македонскиот претседател.

Пендаровски потсети дека пред неколку дена во Скопје беше шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ и дека директно го прашал дали Србија може да ѝ даде жито на Македонија, а Селаковиќ му рекол дека за тоа мора да разговара со претседателот Вучиќ.

-Од пред 2,5 години Руската федерација ја надмина Украина според продукцијата на пченица на светско ниво и Србите ги имаат тие конекции од претходно како неутрална земја, рече Пендаровски.

Слични содржини