Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска ја прими својата прва доза од вакцината против коивд 19 во Куманово.
„Вакцините се единствениот безбеден и ефикасен начин да ставиме крај на пандемијата на #Ковид19. Да се вратиме на нормалниот живот.Ги охрабрувам граѓаните да не се двоумат. Да не веруваат во теории на заговор и лажни вести. Да бидеме одговорни за своето и за здравјето на најблиските. Да ги почитуваме протоколите за заштита“, напиша на Фејсбук Пендаровски.