Пендаровски и Левиц положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас”

од Берта Китинска
271 прегледи

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц, на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Левиц положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас” во Скопје.

По завршувањето на церемонијата на положување венци, двајцата претседатели ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас”.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски, во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Левиц, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Латвија, претседателите имаа заедничка прес-конференција.

Слични содржини