Левиц за „Ванчо Михајлов“: ЕУ нема надлежност да ги решава историските прашања

од Nikola Popovski

Доколку ја погледнете мапата на ЕУ, ќе видите многу точки каде што има разлики, во многу делови меѓу различни земји. ЕУ не е надлежна да ги решава, ниту да ги дискутира тие историски прашања. Надлежноста е предвидена со Договорот за основање на ЕУ и таму нема ништо за историските спорови, рече на прес-конференција латвискиот претседател, Егилс Левиц, откако беше прашан за спорот меѓу Македонија и Бугарија и отворањето на контроверзниот клуб во Битола, „Иван Михајлов“.

Според него, доколку се погледне процесот на пристапување на земјите кандидати, само прашањата кои припаѓаат на надлежностите на ЕУ, треба да бидат вреднувани од ЕУ.

-ЕУ не е таа која што треба да решава за тоа. Ние сме сите дмеократски држави, историските спорови треба да бидат на страна. Би кажал дека историските разлики не смеат да бидат причина да се оспори капацитетот на земја кандидат да продолжи на патот за пристапување. Тоа е наша и позиција на ЕУ, појасни Левиц на пресот со претседателот Стево Пендаровски.

Слични содржини