145
Во рамки на официјалната посета на претседателката на Унгарија, Каталин Новак на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателката Новак положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас” во Скопје.
Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката Новак, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации се одржа заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателката Новак.