132
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Џејмс Рубин, специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман при американскиот Стејт департмент.
Според информациите, соговорниците разговарале за заедничките напори и начините за справување со дезинформациите и нивното влијание врз развојот на демократијата и националната безбедност низ земјите во светот.
-Потребно е постојано вложување во ресурси и вештини за нивно препознавање и разобличување, како и создавање на национални стратегии за опсежен одговор на дезинформациите, посочи Пендаровски.