Пендаровски: Јас прв би бил против „Отворен Балкан“ ако тој е алтернатива за ЕУ

од Vladimir Zorba
196 прегледи

„Отворен Балкан“ е одлична иницијатива, очекувам и другите три ржави од Западен Балкан да го препознаат тоа и да се приклучат, но јас би бил прв против Отворениот Балкан, без разлика на неговото примамливо име, ако тој е алтернатива на ЕУ, вели претседателот на РСМ, Стево Пендаровски за „Трилинг“.

Во однос на битката против корупцијата и криминалот исвоевидното релативизирање на премиерот Зоран Заев, Пендаровски вели дека се помалку ќе имаат шанси да се повикуваат на „времето на Груевски“.

– Ние сме во петта година како нова политичка структура е на власти веќе не смееме воопшто да го споменуваме времето од режимот на Груевски. Тоа помина, постапките си течат, во тој дел јас не сум задоволен, како течат некои постапки, бидејќи некои и воопшто не течат, додава претседателот.