Пендаровски: Капа долу на Вучиќ, во сѐ е подобар од пруги до вакцини

од Берта Китинска
218 прегледи

На секој балкански претседател му излегувам на мегдан, со Александар Вучиќ не можам, еве му признавам, Во сѐ е подобар од пруги до вакцини, изјави вчера претседателот Стево Пендаровски во гостување на „Само интервју“ на Канал 5.

-На Александар Вучиќ еве капа долу. Во таа дисциплина во која тој се натпреварува јас објективно нема што да барам, не можам со него да се споредам. Со сите претседатели можам, ама со Вучиќ не, за вакцините и за автопатот, вели Пендаровски.