Пендаровски ќе се консултира со правни експерти пред да го потпише законот за попис

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Претседателот Стево Пендаросвки најпрвин ќе се консултира со правни експерти, па потоа ќе го потпише Законот за попис, велат од кабинетот на претседателот.

Оттаму додаваат дека ставот на претседателот ќе биде соопштен деновиве.

„Претседателот Пендаровски ќе изврши консултации со правни експерти за донесениот Закон за пописот и во наредните неколку денови ќе го соопшти својот став“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повикува претседателот на државата да не го потпишува законот.