Претседателот Стево Пендаровски синоќа најави дека ќе се солидаризира со жителите на Скопје, доколку останат без топлинска енергија во своите домови.
-Ако има греење за сите останати во Скопје, вила „Водно“ ќе се грее на истиот начин. Ако нема за останатите, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла. Јас ви гарантирам и ве повикувам – доколку на 15-ти октомври во Скопје нема парно греење, да дојдете со камера на лице место и да утврдите дека и ние нема да имаме греење, рече Пендаровски во емисијата „Топ тема“.
На прашањето на водителот дали во резиденцијата има камин за пелети или дрва, Пендаровски низ смеа одговори дека „ќе мора да се снаоѓаат“.