Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност, на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста на Украина”.
На седницата е најавено учество и на претседателот на САД, Џо Бајден и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Доцна вечерва по македонско време претседателот Пендаровски ќе присуствува на приемот по повод одбележувањето на 30–годишнината од основањето на Чешката и Словачката Република и 30-годишнината од членството на двете држави во Обединетите Нации, што ќе го приредат претседателите Петр Павел и Зузана Чапутова.