Пендаровски: Криминалците со парите украдени од народот ќе ги исмеваат сите доколку државата не ги стави во затвори од затворен тип

од Nikola Popovski
155 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски во своето годишно обраќање во Собранието порача дека влогот е огромен во борбата против корупцијата.

-Државата или ќе ги стави криминалците зад решетки во затвори од затворен тип или некој од нив и понатаму со парите украдени од народот, ќе продолжат да градат имиџ на чесни и доблесни граѓани и да ги исмеваат сите останати од безбедна дистанца. Во тој судир меѓу криминалците и голем број граѓани со образ има две цели – прво како држава да покажеме конкретни резултати, не само апсење за јавност туку и изречени долгодишни затворски казни и враќање на украденото и второ – да се почитува презумцијата на невиност што значи луѓето да не ги осудиме во јавноста пред да ги осуди надлежниот суд. Сите наши напори ќе паднат во вода ако надлежните правосудни органи се спогодуваат со ликови за кои целата јавноста знае дека со парите од народот, ги имаат обезбедено и своите неродени деца и внуци, рече меѓу другото Пендаровски во своето обраќање.

Слични содржини