Кризата во Македонија може да се реши само со политички средства и со помош на меѓународно посредство, бидејќи владата на Никола Груевски загуби секакov  легитимитет во очите на чесните македонски граѓани.

stebbo

Денес во Македонија беснее најтешката политичка криза во нејзината современа историја.Оваа криза е многу поразлична од настаните во 2001 година, кога нашата земја беше на работ.Тогаш имаше многу силен етнички аспект – етнички Албанци се соочуваa против етнички Македонци. Такво нешто е отсутнo  денес, барем засега.

Но денешната политичка криза е исклучително тешка и длабока, бидејќи влијаела врз сите државни институции. Денес едни македонски граѓани се соочуваат против други и се борат со политички средства затоа каков пат на развој ќе избере земјата. Дали овој пат ќе биде демократски, слободни и европски или во земјата ќе има диктатура.

Премногу е рано да се каже каков ќе биде исходот од овој судир. Кризата се уште се развива и ќе трае барем уште најмалку неколку недели. Не гледам нејзин близок крај, бидејќи опозицијата сé уште не изнесе ниту  половина од вистина за случувањата во земјата, сеуште не сме му ги  покажале на народот степенот на злоупотребите кои ги извршила власта на чело со Никола Груевски. Во исто време властодршците сеуште не разбираат дека нивното време истекува. Сепак во последните една-две недели веќе се дефинираат основните контури на можното решение за излез од оваа тешка положба.

Ние од опозицијата постојано повторуваме дека не подготвуваме “украинско сценарио” за соборување на власта во Македонија. Немаме никаква намера со сила да ги превземе институциите, апротив нашиот стремеж е да дојдеме на власт преку легитимни избори.Сметам дека во едно преодна влада немаат место денешните моќниците, бидејќи секој ден дознаваме нови и нови работи за нивно антидемократските однесување.

Политичкото решение за кризата е единствената  добра опција не само за граѓаните, туку  и за македонската држава. За жал во Македонија нема закони, а имаме соединувањето на институциите со партијата на власт. Има знак на еднаквост меѓу неколку лица по врвовите на власта и сите институции. Поради оваа причина не можете да очекувате правда. Институциите се аут. Македонија не е правна држава.

Единствено што останува како разумно решение и за опозицијата и за власта, но најмногу за народот на Македонија е политичка одлука. Но, тоа не може да се случи, ако немаме посредување од меѓународната заедница.

—————–

Професор Стево Пендаровски, македонски политичар и поранешен советник за национална безбедност на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Тој беше кандидат за претседател на изборите во 2014 година Анализата на професорот Пендаровски е напишан специјално за БГНЕС.

Слични содржини