Пендаровски – Матарела: Потребе е сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата

од Берта Китинска
272 прегледи

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со претседателот на Република Италија, Серџо Матарела.

Претседателот Пендаровски, во името на граѓаните на Република Северна Македонија и во свое лично име, упати сочувство до претседателот Матарела и граѓаните на Република Италија за големиот број починати лица и изрази солидарност со државата, која е меѓу најтешко погодените од пандемијата на КОВИД-19.

Двајцата претседатели разменија информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од пандемијата.

Претседателот Пендаровски го запозна претседателот Матарела со мерките и активностите што државните власти ги преземаат во справувањето со кризата.

Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски посочи на неопходноста од сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата, кој покрај кон спречување на ширењето на вирусот и обезбедување на медицинска и заштитна опрема, треба да биде насочен и кон поддршка на економијата, бизнисот и сочувувањето на работните места на граѓаните.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека преку меѓусебна солидарност и соработка, европските држави ќе успеаат да ги надминат последиците предизвикани од ширењето на КОВИД-19.

Претседателот Матарела упати честитки по повод членството на Република Македонија во НАТО и одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски во телефонскиот разговорот се заблагодари за конзистентната поддршка од Италија за европските и евроатлантските аспирации на Македонија.

Слични содржини