Пендаровски-Мета: Македонија и Албанија што поскоро да ги започнат преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
233 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го примил претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија. На средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво, соопштија од Кабинетот на претседателот.

На средбата било констатирано дека Република Северна Македонија и Република Албанија, преку посветеноста на добрососедските односи, даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива.

-Двете држави, како сојузници во НАТО, даваат свој придонес и во одбраната на вредностите на евроатлантската заедница.

Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, двајцата претседатели ја констатираа потребата за деблокирање на процесот и скорешен почеток на пристапните преговори на двете држави за членство во Европската Унија, што според нив, ќе има позитивен придонес за севкупниот напредок и стабилноста на регионот, изјавиле двајцата претседатели.

Од Кабинетот на Пендаровски додаваат дека претседателот упатил честитки по повод изборот на Република Албанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации во периодот 2022-2023 година.

Слични содржини