Пендаровски: Многу ми е битно дали ќе бидат сочувани виталните македонски национални и државни интереси

од Andreja Salpe
292 прегледи

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски денеска по билатералната средба во Рим со неговиот италијански колега Серџо Матарела, одговарајќи на новинарски прашања во врска со обидите за пронаоѓање решение со Бугарија и одблокирање на почетокот на преговори на земјава со ЕУ истакна дека е реалист и умерен оптимист.

– Разговарав со премиерот Зоран Заев, тој е таков по карактер, секојпат поголем оптимист од мене и од другите, државното раководство, кога ние ќе паднеме со духот тој не крева, истакна Пендаровски.

Тој информира дека сигурно наредните денови ќе доставиме предлози, кои ќе се базираат на акционите планови, секторската соработка, кои, како што рече, ги правевме и во ноември и во декември, ги доставуваме и до Брисел и до Софија. Посочи дека нема иновација во тој дел, а вклучена патна е и енергетска инфраструктура, медиумска соработка, културата, образование…

– Многу ми е битно дали при тоа ќе бидат сочувани виталните македонски национални и државни интереси, дециден беше претседателот Пендаровски.

Ставот на Софија, кој во овој момент го формулира само претседателот Радев, бидејќи нема други функционални институции, истакна Пендаровски, е дека вратата не е затворена во однос на португалскиот предлог. Укажа дека тоа е се што знаеме во однос на ставот на Софија за португалскиот предлог.

– Ние сега бараме да почнеме со преговори, а понатаму низ годините можат буквално сите барање од тие нивни декларации и резолуции да ги стават на маса. Меѓутоа зборуваме да почнеме со процесот, изјави Пендаровски.

Слични содржини