Пендаровски: Моите ставови за „27 април“ не зависеа од средбата со Мицкоски

од Берта Китинска
150 прегледи

Да имавме усогласени ствови за „27  април“, како што тој вели сигурно би излегле на заедничка прес-конференција или заедничко соопштение кое би го потпишале двајцата, одговри денска претседателот Стево Пендаровски по изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој викендов рече дека на заедничката средба едно зборувал внатре, друго во изјавата пред медиумите.

-Јас имав исто соопштение по неговата изјави во која кажав дека и во дипломатијата и во политиката кога излегувате се одвоени изјави, јасно е дека сте имале различни ставови за настаните. Да имавме усогласени ствови за 27-април, како што тој вели сигурно би излегле на заедничка прес-конференција или заедничко соопштение кое би го потпишале двајцата.Моите ставови за 27 април воопшто не зависеа од средбата со Мицкоски, изјави Пендаровски.

Пендаровски вели дека немало негово мешање во судските одлуки кога во свој коментар, минатата недела, во гостување на телевизиска емисија, рече дека ако има нови докази судењето за настаните од 27 април би можело да се повтори.

-Јас немам политички став за судски процес што е во тек, туку за процес што е завршен. Второ, нема мешање во работата на судството бидејќи во мојата изјава јас цитирам одредба од Кривичниот законик која овозможува повторување на процесите, рече Пендаровски.