Пендаровски: Москва финансира неколку политички субјекти во Македонија

од Nikola Popovski
296 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски ја обвини Русија за мешање во внатрешните работи на Македонија и додаде дека има сознанија дека официјална Москва финансира „некои политички субјекти“.

„Сите државни институции знаат дека Русија се меша во нашите внатрешни работи. Последен пат со интензивно учество преку својот народ, неговите политички субјекти, неговите инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе кои се руски агенти, односно луѓе од руската служба“, вели Пендаровски.

Тој додаде дека не може јавно да открие од каде точно доаѓаат, бидејќи, како што рече,„се работи за чувствителна информација, сепак Русите се обидуваат да влијаат преку тие, модерно наречени хибридни закани, преку политичка пропаганда“.

Според него, надлежните органи имаат информации за луѓе кои дошле да предизвикаат провокации на неодамнешните протести, но и за финансирање на „некои политички субјекти“.

„Не сакам да посочам, се работи за неколку субјекти кои се во директна корелација со Москва неколку години наназад. Сѐ додека тоа е политички артикулирано во институциите, тоа е во ред и тоа е демократски. Но морам да кажам дека навистина чудно е тоа што неколку дена по руската инвазија во Украина, Левица го повика рускиот амбасадор во Собрание и го одликува за неговиот придонес во билатералните односи, што е без преседан. Во ниеден европски парламент тоа не се случило“, изјави Пендаровски во интервју за Фокус.