Пендаровски му посака успешен мандат на Радев

од Берта Китинска
242 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Од кабинетот на претседателот информираат дека тој на својот бугарски колега Радев му честитал за стапувањето на должноста и му посака успешен мандат.

-Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија.Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период. Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период, соопштија од Кабинетот.