Претседателот на државата, Стево Пендаровски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека францускиот претседател Емануел Макрон го прашал кои се забелешките за францускиот предлог.
„На мојата прва средба со Макрон, ми рече кои се вашите главни забелешки и дали можеме некако да ги удоволиме за да не мораме да одиме повторно во Софија, па таму тие да отворат Парламент и Владата и.т.н. Јас му ги кажав овие работи, не почнуваме преговори, не почнуваме со преговори. Ми вели како не почнувате? Вие имате прва конференција. Ама таа не е отворање, таа е симболична, таа е за сликање… Ако е навистина отворање, дајте скрининг после тоа, бидејќи секогаш кога отвораш преговори, имаш скрининг кој трае 12-14 месеци. Те скенираат во сите области“, вели Пендаровски.