Пендаровски на првиот училишен ден го посети ООУ „Свети Кирил и Методиј“

од Берта Китинска
133 прегледи

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на почетокот на новата учебна година го посети најстарото училиште во нашата држава, ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Центар – Скопје и присуствуваше на свечениот прием за првачињата.

-Им посакувам многу успеси на сите првачиња и на останатите ученици кои ја почнуваат новата учебна година. Со среќа! Задоволство ми е што денеска на почетокот на новата учебна година го посетив ООУ „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје. Честитки до наставниот и стручен кадар за креативноста, посветеноста и воспоставената инклузивност во воспитно-образовниот процес, напиша Пендаровски.