Пендаровски на средба со Ердоган во Анталија

од Берта Китинска
216 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски од денеска – 17 јуни 2021 година, четврток, ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на Самитот на Претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Анталија.

Предвидено е Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Ќе оствари средба и со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.

-Во петок, 18 јуни 2021 година, претседателот Пендаровски ќе учествува на Анталија дипломатскиот форум кој се одржува за прв пат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“. На форумот, претседателот Пендаровски ќе говори на претседателската панел дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“, информираат од Кабинетот.