Пендаровски на средба со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија

од Берта Китинска
234 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата беше истакнато дека воената соработка меѓу војските на двете држави е позитивен пример за соработка, како полноправни членки на НАТО и се разговараше за нејзино унапредување и продлабочување во иднина.

Претседателот Пендаровски, заблагодарувајќи се за унгарската поддршка за нашите европски интеграции, како и за поддршката за нашето членство во НАТО, го поздрави унгарското превземање на командата на КФОР и ја изрази нашата подготвеност за соработка.

Слични содржини