Пендаровски наредната недела ќе го свика Советот за безбедност

од Nikola Popovski
165 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски наредната недела ќе го свика Советот за безбедност поради кризата на Блискиот Исток, војната во Украина, како и последните случувања на северот на Косово.

Шефот на државава предупредува дека треба да се внимава на платеници кои се наши државјани, се борат на една или на друга страна, а потоа би се вратиле во земјава.

Пендаровски вели дека како членка на НАТО, редовно добиваме брифинзи и знаеме како би се развивала состојбата во однос на конфликтот меѓу Хамас и Израел.

Нашата држава, по барање на алијансата ќе го зголеми својот контингент на Косово за уште 25 припадници.

Слични содржини