307
„Почит за над 8 илјади луѓе – жртви на геноцидот во Сребреница. Убиени, само затоа што биле босански муслимани“, објави претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на 26-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година.
Според него, нашата генерациска должност е да се сеќаваме на ова злосторство против човештвото за никогаш да не се повтори.
Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари досега се погребани 6.652 жртви на геноцидот врз Бошњаците од „Безбедната зона на Обединетите нации“ Сребреница, додека уште 237 жртви се погребани на други локации, во согласност со желбите на нивните семејства. Меѓу нив има и 435 малолетни лица.
Сè уште се трага по уште илјада исчезнати жители на Сребреница.