Воопшто не е ново дека довербата на граѓаните во институциите е на ниско ниво. Ние сме прилично фокусирани последниве месеци на правосудството, меѓутоа практично не постои ниту една институција во целина, не зборувам за поединци, која има висока доверба кај граѓаните, истакна претседателот Стево Пендаровски во гостување во емисијата „Само вистина“.
„Интересно е, во однос на тоа, дека поранешен премиер кој е во бегство е најпопуларен, меѓутоа тоа не е точно. Во истата анкета постојат серија други слајдови во кои ги прашуваат луѓето индивидуално кој што мисли. А во споменатиот слајд, станува збор за слајд во кој луѓето најчесто се определуваат според партиските преференци. И ако забележувате тука, ќе видите дека дури и претседатели на помали политички партии имаат поголем рејтинг од некои други. Постои еден друг слајд, во истото тоа истражување на ИРИ во кое луѓето ги прашуваат дали имате позитивно, негативно или многу негативно мислење, таму Груевски е меѓу трите најомразени политичари“, наведе Пендаровски.