Пендаровски: Не можеш со сила некого да натераш на муабет за уставните измени

од Nikola Popovski
124 прегледи

Големи се разликите околу ставовите за правење измените на Уставот, смета претседателот Стево Пендаровски. Претседателот е дециден дека мора да има согласност од двете, трите, петте претпоставени страни учеснички за заедничка средба на оваа тема.

-Ако некој сака да разговараме за т.н. хрватски модел, другата страна вели таа работа сме ја решиле пред 20 и повеќе години. Ако првава страна вели да разговараме за Бугарите во Уставот, зошто да не, бидејќи тоа е главна претпоставка за да продолжиме кон Европа, другава страна вели не. Не можеш со сила некого да натераш на муабет, изјави Пендаровски денеска во Тетово, каде одржа предавање пред студентите на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово.

На новинарско прашање за предлогот на некои партии за замена на фразата 20 проценти со албански јазик, претседателот Пендаровски рече дека за тоа нема проблем.

-Јас сум го кажал тоа многу пати и тоа едно, две-три години наназад, и тоа апсолутно не ми пречи и прв би поддржал бидејќи мислам дека тоа е природна, нормална работа. Зошто нечиј етнички идентитет, кој е јасен и неспорен за секого, би го криеле зад бројки, истакна шефот на државата.

Слични содржини