Пендаровски: Не се очекува развој на пандемијата кој ќе има влијание на општата безбедност во земјата

од Vladimir Zorba

Безбедносната состојба во земјава и регионот е стабилна и нема индиции дека би можел да биде загрозен нашиот територијален интегритет. Најголемата криза со која и денес сме соочени е пандемијата со Ковид 19 која останува најважен предизвик и во следните месеци, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност.

Истакна дека надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбденосен проблем вклучувајќи и евентуално нов бран на мигрантска криза.

Според сегашните проценки, „не се очекува развој на пандемијата кој ќе има влијание на општата безбедност во земјата“.

На првиот состанок на Советот за безбедност по зачленувањето на земјата во НАТО се разгледани и безбедносните импликации со воведувањето на
5G технологијата.

– Како членка на НАТО сега сме обврзани да ги следиме сите безбедносни протоколи на Алијансата и тоа како во однос на безбедносниот бекраунд на лицата кои работат на чувствителни места во државниот апарат, така и во однос на воведувањето на дигитални технологии кои имаат цели и вредности кои се некомпитабилни со целите и вредностите на западната Алијанса, изјави тој.

Важно е да се обележи, вели тој, дека и нововоспоставениот систем за координација на службите е функцоинален.

Важно е да се обележи, вели тој, дека и нововоспоставениот систем за координација на службите е функцоинален.

– Пандемијата останува најважниот предизвик за нашето општество и во следните месеци со влијание и врз економијата и врз здравството, но не очекуваме според денес направените и презентирани проценки дека ќе има развој кој би влијаел на општата безбедност во земјата. Безбедносните служби се разбира ќе продолжат да ги следат и понатаму и анализираат трендовите и во земјава и во регионот, она што може да има влијание врз нас сите безбедносни закани и потенцијални ризици за националната безбедност и за тоа ќе продолжат да го информираат
државниот врв и Советот за безбедност. Во оваа смисла е важно да се одбележи дека и нововоспоставениот Совет за координација на службите
е функционален и има своја редовна динамика на средби и активности, вели претседателот.

Слични содржини