„Нон-пејперот“ не беше тема на разговор во Скопје. На ниту една од средбите што претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја имаше со својот словенечки колега Борут Пахор во изминатиот период не разговараше за какво било можно прекројување на границите на Балканот“, беше соопштено за РСЕ од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Пахор беше во Скопје во септември минатата година.
Од кабинетот на Пендаровски велат дека без оглед дали постои таков „нон-пејпер“ или не, позицијата на претседателот е одамна позната.
Секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот, велат од Кабинетот на Пендаровски.
Претседателот, додаваат, е убеден дека ваквите идеи за прекројување на границите на Балканот нема да добијат поддршка од Европската унија.
Единствениот пат што води кон подобар живот и благосостојба на граѓаните и државата е преку исполнување на потребните реформи, клучни за нашето приклучување кон европското семејство“, велат од Кабинетот на претседателот.