Претседателот Стево Пендаровски смета дека недостаток на „Отворен Балкан“ е што само три земји се дел од таа иницијатива, пренесува „Газета експрес“.
На средбата со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, Пендаровски вчера посочил дека „Отворен Балкан“ треба да биде регионална соработка меѓу земјите од Западен Балкан.
Има повеќе од 50 иницијативи кои создаваат поволни услови за соработка на земјите, а „Отворен Балкан“ е една од нив и се надевам дека ќе продолжи во таков формат. Неспорно е дека на државите учеснички на „Отворениот Балкан“ им е јасно дека „чадор“ за сите иницијативи е Берлинскиот процес, кој има попрецизни структурни односи од „Отворениот Балкан“, рече Пендаровски.
Како што наведе, предноста на Берлинскиот процес во однос на иницијативата е што во неа учествуваат шест земји од Западен Балкан, пренесува Косово онлајн.