Пендаровски нема да ги потпише законите за Коридорите 8 и 10Д ако ги повредуваат правата на граѓаните

од Nikola Popovski
269 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска порача дека треба прво да ја види конечната верзија на сетот закони за Коридорите 8 и 10Д, па ќе го каже ставот во однос на потпишување на указот.

-Можат да бидат изменети со амандмани, значи да ја почекаме дебатата. Мојот тим на правници и во Кабинетот и надвор од него се веќе ангажирани во следење на дебатата и на тоа што ќе излезе како конечен продукт. Конечната верзија кога ќе ја видиме, ќе го кажеме конечниот став, кажа претседателот како одговор на новинарско прашање.

Пендаровски истакна дека нема да го потпише указот доколку изгласаните закони ги повредуваат правата на граѓаните или ако завлегуваат во правата на трети лица.

-Се разбира дека дел, или барем дел од тие закони нема да поминат, но да ги видиме во конечна верзија, нагласи Пендаровски.