Ние во Скопје, тука, немаме видено француски предлог, кажа денеска Претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
-Ние разговараме со нашите бугарски колеги и за тие разговори сте информирани од МНР. Немам никаква намера да коментирам што се случува во Софија, тоа е нивна внатрешна политичка динамика. Ние со нашите бугарски колеги разговараме во рамки на дијалогот кој го имаме месеци и месеци наназад, кажа Пендаровски.