Пендаровски: Ниту една унитарна држава со два јазика не била уништена

од Vladimir Zorba
85 прегледи

 Ниту една земја со унитарен карактер која има два официјална јазика досега не е униптена, им  порача пратеникот Стево Пендаровски на своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ кои   опонираа во своите говори и предупредуваа во рамките на Комисијата за европски прашања против носењето на Законот за употреба на јазиците.

„Неспорно е дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Македонија, можеме само да зборуваме за степенот на употреба. И во таа насока сакам да кажам дека сегашното решение е максимална екстензија на употребата на јазикот како право на етничките Албанци и се согласувам со тоа. Главен заклучок е дека македонскиот јазик не е загрозен и на етничките Македонци не им е одземено ниту едно право за употреба на македонскиот јазик“, рече Пендаровски.

Тој во својот говор напомена неколку држави кои имаат политички системи исти или слични на македонскиот, а во кои официјални се два јазика, а кои притоа опстанале и не пропаднале.

Белорусија, (руски и белоруски јазик), Црна Гора (црногорски, српски, албански, босански), Ирска, Кипар, Израел, Луксембург, Нов Зеланд се дел од земјите кои Пендаровски, потенцираше, дека имаат два или повеќе официјални јазика.

На ова реплицираше, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека иако го почитува Пендаровски како стручњак во полето на меѓународните политики и уредувања, сепак минатото покажало дека “максимумот на барања“ од страна на политичарите Албанци никогаш не застанал.

Димовски воедно дополни дека ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови неговата партија ќе поднесе амандмани за измени во предлог-законот од Владата со цел да се отстранат како што вели тој, устаните аномалии на законот, и ќе се дополни со предлози за правата за употреба на јазикот на останатите етнички заедници кои живеат во Македонија .

Пендаровски повтори дека лично тој, смета дека предлог-законот е одличен и не е на штета на Македонците, и дека ќе ги почека мислењата од Уставниот суд и Венецијанската комисија и дека се друго што би било надвор од од овој предлог-закон нема да ја добие ниту неговата поддршка.

Ова беше прва  седница на Комисијата за европски прашања на која за прв пат се најде Законот за употреба на јазиците, беше прекината по долгите дискусии  иако  зборуваа главно четворица пратеници. Комисијата денеска ќе продолжи  и денеска може да трае евентуално  до  четврток,  а потоа предлог-законот треба да се најде на пленарна седница.