159
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент.
На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на Северна Македонија, за реформскиот процес, како и за политичките состојби во нашата држава и во регионот.
На средбата беше реафирмирана поддршката на САД за европските аспирации на Северна Македонија, и беше изразено очекувањето од официјален Вашингтон дека државата ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.