Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.
На средбата се разговараше за процесот на европските интеграции на земјава, состојбите во регионот на Западен Балкан и пошироко, како и за актуелните политички случувања во Северна Македонија.
Во таа насока, претседателот изрази очекување за натамошна силна поддршка од германските власти во пристапување на земјава кон Европската Унија, посочувајќи дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.
Претседателот ja поздрави значајната улога на Сарацин, како специјален пратеник на германската сојузна Влада за земјите од Западен Балкан, што е уште една потврда за нивната посветеност на регионот.