Загубата на семејствата чии блиски починаа во трагедијата во Тетово, за жал, никој и ништо не може да ја надополни, напиша на својот Фејсбук профил, претседателот на државата Стево Пендаровски.
-Но, очекувам и барам истрагата да заврши во најкус можен рок, да се утврди причината за пожарот и соодветно да се понесе одговорност. Ова е најмалку што им го должиме на блиските на настраданите.Уште еднаш, мое искрено сочуство за сите починати. На повредените, им посакувам поскоро опоравување.