Пендаровски од Париз: Шопов ја разреши дилемата – на нашето време поезијата му е потребна повеќе од било кога порано

од Nikola Popovski
194 прегледи

Ние како и Шопов сме соочени со дилемата – дали нашето време е мртво за поезија? Чуми ни се поетите и уметноста? Одговорот можеме да го бараме во животот и творештвото на Ацо Шопов, изјави претседателот Стево Пендаровски денеска од Париз, каде во седиштето на УНЕСКО се одржува програма во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската поезија, Ацо Шопов.

Пендаровски потенцира дека Шопов е прв претседател и еден од основачите на Струшките вечери на поезијата.

-За Шопов поезијата помага во исцртување на контурите на човековата иднина, како огромно поле за слободно манифестирање на сите негови духовни способности. Според него, поезијата не е само естетско доживување, туку активен однос и етички став кон битните проблеми на животот, рече меѓу другото Пендаровски.

Претседателот истакна дека Шопов веруваше во магичната моќ на поезијата да го очовечува животот.

-Шопов можеше со полно право да каже дека за мене светот е татковината, а татковината светот. Тој самиот ни ја разреши дилемата – на нашето време поезијата му е потребна повеќе од било кога порано, заклучи Пендаровски во говорот.

Слични содржини