Пендаровски: Покажавме дека со договор и пријателство отвораме врати за подобра иднина

од desk2
88 прегледи

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска  во рамки на кампањата за претседателските избори имаше средби со граѓаните на Сопиште и Студеничани.

Пред граѓаните Пендаровски ги потенцираше придобивките од, како што рече, избирањето напредок наместо изолација, градењето пријателства наместо продолжување на спорови со соседите.

-Тргнавме напред, покажавме дека преку договор и пријателство ги отвораме вратите кон подобра иднина за сите граѓани. Решавањето на деценискиот спор со соседна Грција значи интеграции во ЕУ и НАТО, економски развој, европски перспективи, нови инвестиции, нови работни места, подобар живот за нас и нашите поколенија, рече Пендаровски.

Стојам, додаде тој, зад концепт кој нуди продолжување по вистинскиот пат кој носи подобар живот за сите.  Според него, времето на стагнација и изолација завршило и земјава чекори напред.