160
Македонскиот претседател, Стево Пендаровски му оддаде почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Тој положи цвеќе на гробот на револуционерот во црквата Св. Спас.
-Визионер, идеолог и предводник на македонското националноослободително дело од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Една од нашите најзначајни историски личности. По повод 120-годишнината од неговата смрт, денеска положив свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Слава му, сподели Пендаровски на социјалните мрежи.
Почит во црквата Св. Спас оддаде и собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, а беше организирана и панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.