Претседателот Стево Пендаровски во врска со здружението “Цар Борис“ истакна дека изборот на контроверзните имиња се однесува за интенција од страна на Бугарите кои живеат во Северна Македонија.
-Има правни експерти кои тврдат дека врз основа на постојниот Закон за здруженија и фондации има член што може да ја преиспита работата на постојните здруженија, ако тие не работат во насока на она што го декларирале, изјави претседателот .
Тој посочи дека некои од здруженијата се формирани пред три години.
-Последното е формирано пред една година. И не е возможно кога ние почнуваме скрининг процес и отвораме процес на преговори, генерално после 17 години, тоа да биде баш случајно. Јас пред три месеци, ако паметите, предложив да се донесат амандмани на постојниот Закон и гледам дека Владата кон крајот на месецов најавува дека ќе има такво нешто. Меѓутоа, тоа ќе го реши проблемот за понатаму, значи од усвојување на законот па понатаму, додаде Пендаровски.