Претседателот Стево Пендаровски и неговиот бугарски колега Румен Радев оддржуваат кратка средба на скопскиот аеродром од каде што заеднички ќе патуваат за Рим за чествување на светите Кирил и Методиј.
-Оперативно разговорите меѓу нашите земји ги водат владите така ќе биде и понатаму. Ние сме тука да ја релаксираме атмосферата и да говориме за овој проблем кој постои изминатава година со еден поинаков јазик. Потребно е да направиме обнова на довербата и како пријатели да разговараме за најтешките прашањата кои во моментов не разделуваат, изјави Пендаровски.