Пендаровски прифаќа дебата со сите седум кандидати: „Нека дојде и Мицкоски како осми шпицен кандидат“

од Nikola Popovski
131 прегледи

Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија, порачаа денеска од изборниот штаб на претседателот Стево Пендаровски.

Токму затоа, стои во реакцијата на кандидатот за втор мандат, прв предложив да се одржат 2 големи, т.н. мастер дебати, една на почетокот на кампањата и една пред првиот круг на гласање.

-Дебатите беше планирано да се реализираат на неутрален терен, а пренос од истите да вршат сите национални телевизии. На дебатите седумтемина кандидати ќе имаа подеднакви услови да ја презентираат својата програма за работа. Досега, во поканите кои ги добивме од медиумите за учество на тв дебата, немав добиено информација дека сите седум кандидати ќе бидат учесници на некоја од предвидените дебати, велат од тимот на Пендаровски.

Ваквата реакција следува откако новинарот Боби Христов на својот Твитер профил објави дека претседателскиот кандидат одбил да биде дел од дебатата во организација на телевизија Телма. Тој истакна дека овој чекор на Пендаровски е за „црвен картон“.

Претходно потпис на Кодексот за фер и демократски избори не стави само претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, кој изрази незадоволство што нема да се одржат предизборните мастер дебати.

Слични содржини