За мене прифатлив ми е пристапот на новиот бугарски премиер кој заговара историјата да не биде единствениот канал преку кој ние, како две соседни држави, комуницираме, кажа денеска претседателот Стево Пендаровски на зедничаката прес-конференција со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.
-Да разговараме за инфраструктура, за енергетика, за економија, за трговска размена, за европски интеграции, за човекови слободи и права, но секако не да разговараме за тоа што се случило пред 3 или пред 5 века. Тоа е модерен пристап кој го поддржувам. Се разбира, не го поддржувам временскиот рок, кој беше најавен, од шест месеци. Мислам дека проблемот помеѓу нас може да се реши за многу покус временски период, рече Пендаровски.
Тој вели дека граѓаните треба да бидат спокојни дека нема да има дестабилизација во Макеоднија доколку се случи во иднина да не добие датум за преговри и не се реши спорот со Бугарија.