Пендаровски разговарал со патријархот Вартоломеј за состојбите во православниот свет

од Nikola Popovski
8 прегледи

Екс-шефот на македонската држава Стево Пендаровски денеска во Истанбул остварил средба со неговата Сесветост г. г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.

На средбата се разговарало за состојбите во православниот свет и улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии, а, во тие рамки и за уникатното значење на Вселенската Патријаршија како врховно институционално тело во православието.

На средбата, како што се вели во соопштението испратено од кабинетот на поранешниот претседател Пендаровски, станало збор и за улогата на Вселенската патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии.

Ова не е прва средба на Пендаровски со Вартоломеј. Во март 2023 година, Пендаровски искажа благодарност до Вартоломеј за улогата која ја имаше во надминувањето на црковниот спор поврзан со МПЦ-ОА. Единствениот пат за добивање на легитимен и целосно прифатен Томос е оној кој го издава Вселенската Патријаршија, било констатирано на тогашната средба.

По повеќе од половина век, во 2022 година МПЦ се врати во канонско единство со останатиот православен свет и доби томос за автокефалност од Српската православна црква. Со тоа заврши црковниот раскол почнат уште во 1967 година, кога МПЦ еднострано прогласува автокефалност од СПЦ.

Слични содржини