Пендаровски разговарал со сопственикот на Манчестер Јунајтед за Роналдо и идните засилувања

од Nikola Popovski

Претседателот на државата Стево Пендаровски информираше дека денеска во Давос имал кратка средба со сопственикот на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, Аврам Глајзер.

Пендаровски потенцира дека разговарале со најдобриот играч на англискиот клуб Кристијано Роналдо.

-Разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот, појасни Пендаровски.

Пендаровски како шеф на државата присуствува на Светскиот економски форум во Швајцарија.

 

Слични содржини