Пендаровски разговарал со Вартоломеј за улогата на Вселенската Патријаршија во надминување на црковниот спор

од Nikola Popovski
314 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски попладнево се сретнал со Вселениот Патријарх Вартоломеј во рамки на работната посета на Република Турција.

„Разговаравме за отворените прашања во православниот свет. За решавање на статусот на МПЦ – ОА и нејзино враќање во канонско единство со останатиот православен свет и за улогата на Вселенската Патријаршија во надминување на црковниот спор“, стои во објавата на Пендаровски.

На средбата се разговарало и за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии. Во таа насока, претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на улогата на Вселенскиот Патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет.

Истовремено на средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј нагласи дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција.

Слични содржини